Покана

2-ри проектен координативен состанок

2-ри од Јуни, 2023 (петок) во хотел „Сириус“ во Струмица, од 09:30 до 12:30 часот (локално време)

Почитуван господине/госпоѓо,
Би сакале да ве поканиме на 2. проектен координативен состанок во рамките на проектот „Велосипедски градови“. што ќе се одржи на 2-ри од Јуни, 2023 (петок) во хотел „Сириус“ во Струмица, од 09:30 до 12:30 часот (локално време).


За време на вториот состанок за координација на проектот ќе можеме да разговараме за напредокот на проектот, постигнатите резултати и аутпути и претстојните чекори кон успешна реализација на проектот. Понатаму, од секој партнер се очекува да ги презентира дејствијата/испораките кои веќе се завршени, плаќањата/расходите се до сега, тендерските постапки и следните чекори што ќе се спроведат во проектот.
Агендата на состанокот можете да ја најдете во прилог на оваа покана.


Ви стоиме на располагање за сите дополнителни информации и појаснувања
.

Со почит,
општина Струмица
Проект „Градови на велосипеди“.
Корисник на проектот бр.3

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
Прескокнете до содржината