Interreg IPA CBC програма „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“

Interreg IPA CBC Програмата „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“ е програма за прекугранична соработка кофинансирана од Европската Унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II).

 Стратешката изјава на Програмата е „да се зајакне територијалната кохезија преку подобрување на животниот стандард и можностите за вработување со почитување на животната средина и

со користење на природните ресурси за надградба на туристичкиот производ“.

Вкупниот буџет на Програмата за периодот 2014-2020 година изнесува 45.470.066,00 €.

Кохезионата политика е главната инвестициска политика на ЕУ
Кохезионата политика се спроведува преку специфични фондови: Европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ), за инвестирање во социјалниот и економскиот развој на сите региони и градови на ЕУ. Кохезиониот фонд (КФ), да инвестира во животната средина и транспортот во помалку просперитетните земји на ЕУ. Европскиот социјален фонд плус (ESF+), за поддршка на работните места и создавање фер и социјално инклузивно општество во земјите на ЕУ. Фондот за праведна транзиција (JTF) за поддршка на регионите кои се најпогодени од транзицијата кон климатска неутралност.
mk_MK
Прескокнете до содржината